Историја на Единицата за брзи интервенции - ЛАВОВИ Мисија, цели, задачи ... Прием на нови регрути Начин на селектирање на регрутите Команда и контрола Контактирајте преку интернет Контактирајте преку интернет
Македонска полиција - Единица за брза интервенција  “ЛАВОВИ”

Единица за брза интервенција
Л А В О В И

Република Македонија
Министерство за Внатрешни работи

 Официјална Веб страна

ПРАВДАТА ПОБЕДИ!

Почитувани,

Денес на 22.04.2005 година во Македонија победи правдата, се покажа за кого и против кого се бореа нашите херои. Судскиот совет на Основниот суд Скопје 2 донесе ОСЛОБОДИТЕЛНА пресуда за неправедно осудените, за нашите херои Горан Стојков, Бобан Утковски, Александар Цветков.

Голема благодарност до сите чесни Македонци за поддршката која им ја дадоа на бранителите да истраат на притисоците. Благодарност до сите чесни граѓани кои излегоа на протестите. Благодарност до политичките партии ВМРО-НАРОДНА ПАРТИЈА и несебичната заложба на нејзиниот лидер, Третиот пат, ВМРО-ДПМНЕ, Либерална партија, на нивните раководства и членови. Благодарност и до Македонската Православна Црква и сите нејзини верници за големата поддршка.

Но, нашата борба не застанува тука, има уште македонски херои кои се неправедно затворени, има уште до конечната победа! Таа ќе продолжи се додека не бидат ослободени Брат Љубе и Јохан Тарчуловски кои сега се неправедно притворени во затворот во Шевенинген.

ДА ЖИВЕАТ МАКЕДОНСКИТЕ ХЕРОИ !!! ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА !!!

_______________________
 

ЈАВЕН ПОВИК

на граѓански мирен протестен собир на 21 април 2005 годна (четврток) пред Врховниот суд во Скопје во 17 часот, во организација на одборот на роднините, пријателите и подржувачи на македонските бранители.

Овој пат протестниот собир е инициран од маката на најблиските во организација на Организациониот одбор на роднините, пријателите и подржувачите на македонските бранители и е подржан од сите опозицони политички партии во Република Македонија.

На протестот ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БРАНИТЕЛИ во своите говори ќе побараат, родителите, независните интелектуалци, претставниците на МПЦ, и претставниците на сите опозициони политички партии. Затоа ги повикуваме нивните членови, сипатизери и гласачи да излезат масовно во поддршка на своите бранители.

ИЗЛЕЗЕТЕ СИТЕ! Сите вие патриоти кои не сте партиски определени, независно од етничката и религиозна прпадност!

ИЗЛЕЗЕТЕ СИТЕ! Во одбрана на борбената и патриотска чест на бранителите, во одбрана на нивните граѓански и човекови права и слободи, во одбрана на нивната нервиност.

ИЗЛЕЗЕТЕ СИТЕ! Во одбрана на правдата, на слободата !

ИЗЛЕЗЕТЕ СИТЕ! Во одбранана на МАКЕДОНСКАТА ВИСТИНА!
Да бараме и да издејствуваме: слобода за македонските бранители!


_______________________
 

IN MEMORIAM



Горан Георгиевски-МУЈО

       Со голема тага ве известуваме дека на 3 април 2005 година беше убиен на кукавички начин еден од командантите на единицата "ЛАВОВИ", Горан Георгиевски-МУЈО, наш другар и соборец. Уште еднаш македонската земја е натопена со крв на бранителите, на хероите.

       Почивај во мир и нека ти е вечна слава!
                                                        Единица за брза
                                                          интервенција
                                                           
"ЛАВОВИ"

_______________________

       Последен поздрав на Горан Георгиевски-МУЈО
      
    
 
"ЛАВ", храбар воин, борец за Македонија
                                    
                               почивај во мир и вечна ти слава
                                                     Љубе Бошковски
_______________________

       Последен поздрав на мојот другар и соборец
      
Вечна ти слава
                                    
                                          генерал Горан Стојков
                                          командант на единицата
                                за брзи интервенции
"ЛАВОВИ"

_______________________

       Почитувани,

      Кога на нашата татковина Македонија и беше најтешко, кога немаше друг излез, сите храбри мажи од нашата единица застанаа на браникот на татковината, да ја одбранат од агресорските сили. Многумина загинаа на бојното поле, го дадоа својот живот бранејќи го најсветото - сопствената земја. Некои од нив денес се во затворите, малтретирани и понижувани затоа што ја извршувале својата должност кон сопствената земја. Тие секогаш беа спремни за одбрана на својот народ.
     Секој Македонец треба да биде горд што имаме такви бранители. Сега, кога вие сте им потребни, дигнете го вашиот глас за слободата на бранителите.

      СЕКОГАШ КОГА СМЕ ПОТРЕБНИ, ЗА МАКЕДОНИЈА!
     
"ЛАВОВИ"

     Голема благодарност до ВМРО Народна партија, Унијата на млади сили на ВМРО Народна партија за напорите кои ги прават за ослободување на неправедно притворените членови на единицата "ЛАВОВИ". Благодарност и до Македонската Православна Црква, нејзините верници, сите чесни граѓани кои ја даваат поддршката на нашите бранители.

____________________   

        Во изминатите години, од  2002 година до денес, во медиумските написи и во јавните осврти во врска со македонската Полиција, се забележува значителна доза на дезинформираност и грешење.

       Голема дезинформираност особено се забележува кога станува збор за анти-терористичките единици на македонската Полиција.

       Полициската единица за брза интервенција, позната како “Лавови”, претставува предмет на значителен негативен притисок од страна на политичките сојузници на терористичките групации ОНА/АНА, кои оперираат во северо-западниот дел од земјата.

Овој Веб-сајт е напор да ги поддржиме и да не ги заборавиме оние кои застанаа на браникот на Македонија - Македонските ЛАВОВИ.  

Видете ги ЛАВОВИТЕ во акција
Ексклузивно - Видео спот за македонските бранители - ЛАВОВИ
  Прес сервис
 
БРАНИТЕЛ,
А НЕ ЗЛОСТОРНИК

[ R.I.F.  LIONS - GORAN STOJKOV - BRANITEL A NE ZLOSTORNIK]
 

  Ексклузивно на www.lions.org.mk

 

Во чест на бранителите на Македонија изработен е видео спот кој може да го погледнете на следниот линк...[повеќe]

   
www.lions.org.mk

        контакт  приватност