 |
Мисија, цели и задачи на Единицата
Согласно
со владината безбедносна политика,
Едницата за брзи интервенции “Лавови”
ги има следниве шест основни задачи:
-
Брза
интервенција - да интервенира
по инструкција против
терористички закани и активности
низ целата територија на Република
Македонија.
-
Јавен
ред и мир - да може да го одржува
јавниот ред и мир за време на
граѓански демонстрации и слични
настани.
-
Цивилна
одбрана - да делува како
поддршка на спасувачките,
медицинските и хуманитарните
организации во периоди на кризи (поплави,
земјотреси, бегалци, внатрешно
раселени лица).
-
Безбедносни
задачи - да ги чува клучните
владини инсталации и значајни
поединци, по потреба и доколку
постои закана, како поддршка на
постоечките единици за блиска
заштита.
-
Задачи
на поддршка - да дава поддршка
на останатите организации на
Министерството за внатрешни
работи, согласно со директивите.
-
Инструкции
и обука - да одржува група
специјализирани инструктори кои
ќе можат да ги обучуваат
припадниците на Полицијата во
тактички вештини.
|