Историја на Единицата за брзи интервенции - ЛАВОВИ Мисија, цели, задачи ... Прием на нови регрути Начин на селектирање на регрутите Команда и контрола Галерија Прес сервис, новости ... Контактирајте преку интернет
Единица за брзи интервенции “Л А В О В И”

   

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

        Прашањата и одговорите во натамошниот текст, најчесто се поставуваат и одговараат во Секторот за јавно информирање на Единицата за брза интервенција “Лавови“.

Дали Единицата “Лавови“ е воена единица?

Не, за разлика од некои паравоени сили во Европа, како француската Жандармерија и италијанските Карабиниери, Единицата “Лавови“ е полициска единица под команда на Министерството за внатрешни работи.

Дали Единицата “Лавови“  е единица од резервниот состав?

Не. Сите припадници на Единицата “Лавови“ се редовни полицајци. Резервните полициски единици имаат посебна структура и команден синџир, кои не се поврзани со Единицата “Лавови“.

Дали сите полицајци во маскирни унформи, се припадници на Единицата “Лавови“?

Не. Сите македонски полицајци, вклучувајќи ги и резервистите, поседуваат маскирна униформа, којашто се носи зависно од оперативната и тактичката ситуација. Припадниците на Единицата “Лавови“ постојано носат маскирни униформи заради природата на нивните задачи.

Дали за влез во Единицата “Лавови“ е неопходна партиска припадност?

Не. Регрутирањето и селекцијата за Единицата “Лавови“ се темелат врз индивидуалните квалитети како физичката кондиција, способноста и решителноста. Политичката, етничката, расната или половата припадност не се земаат предвид за време на процесот на селекција.

Дали во Единицата “Лавови“ се спроведува обука, или припадниците на Единицата “Лавови“ само седат во бараките цело време, чекајќи да бидат 'употребени'?

Во батаљоните на Единицата “Лавови“  постојано се спроведува обука и ре-обука. Тие имаат интензивна програма на теоретска обука и обука на терен, со цел подготовка на целата единица за различните задачи што евентуално таа би била повикана да ги изведе.

Дали Единицата “Лавови“ има борбени летала, артилерија и тенкови, како Армијата?

Не. Припадниците на Единицата “Лавови“ се лесно вооружени, и немаат авиони, хеликоптери, тенкови или артилерија. Доколку ваква опрема е потребна за дадена операција, таква поддршка дава АРМ.

Дали “Лавовите“ претставува “SWAT” тим?

Не. Единствената единица од македонската Полиција која би можела да се опише како “SWAT” тим, е Специјалната полициска единица, позната како “Тигри”.

Дали во Единицата “Лавови“ има припадници од етничките малцинства?

Да. Во ранговите на СБЕ се застапени сите етнички групи во Македонија.

Како да стапам во контакт со Единицата “Лавови“ за повеќе информации?

На овој Веб-сајт, можат да се најдат поштенската и Интернет адресата за контакт.

 

www.lions.org.mk

                           контакт  приватност