Историја на Единицата за брзи интервенции - ЛАВОВИ Мисија, цели, задачи ... Прием на нови регрути Начин на селектирање на регрутите Команда и контрола Галерија Прес сервис, новости ... Контактирајте преку интернет
Единица за брзи интервенции “Л А В О В И”

   

Селекција на регрутите

        За време на суровата зима меѓу 2001 и 2001 година, беше спроведена комплексна програма на поединечна и суб-водна обука. Ангажирањето или постојаната припадност во Единицата, започнаа да се темелат врз поминувањето на тежок тест за селекција, и подложувањето на редовно ре-тестирање и оценка- процес на “постојана совршеност”, со цел да се редуцира големината на Единицата до големина на компактна и ефикасна единица за брзи интервенции.

        Новите кандидати за Единицата, мора да ги исполнуваат основните академски услови пред да бидат примени на курсот за селекција. Курсот е сличен на курсевите во западните специјални сили, и се темели врз оценувањето на самодисциплината, решителноста и тимскиот дух на секој припадник. Кандидатите што ќе ја поминат првичната селекција, потоа поминуваат на продолжување и специјализирана обука, во траење од најмалку 12 месеци. Интензитетот на обуката е од особено значење бидејќи Единицата се соочува со постојани закани и раздвижувања на групи во северозападниот дел од Македонија, од терористички тип или како закана за внатрешната безбедност.

         Во моментов, Единицата се опремува со ново оружје, и се изведува интензивна обука за истото. Пролетниот “циклус” на обука за 2002 година, беше завршен со еднонеделна вежба и демонстрација на напад, во која беа ангажирани сите припадници на “Лавовите”, врз симулирани утврдени терористички позиции. Вежбата се состоеше од координирање на огнената поддршка, освојување непријателски позиции и напад во “пешадиски” стил од страна на Првиот и Вториот батаљон.

        Селекцијата за влез во Единицата се темели исклучиво врз способноста на поединецот да го помине максимално тешкиот курс на базична селекција, без оглед на полот, етничката припадност, возраста или бојата на кожата на кандидатот. 

www.lions.org.mk

                           контакт  приватност